Новости

Ракомет

(Фото) Утре се игра првиот натпревар во реновираната спортска сала „Младост“

Утре со почеток од 19 часот се игра првиот натпревар во реновираната спортска сала „Младост“, каде ќе се игра натпреварот од второто коло оф Плеј Оф Супер Ракометната лига, помеѓу Пелистер и Металург. Овој натпревар е од големо значење со што симболично ќе се означи и стартот на нејзиното работење во нови, современи, далеку подобрени услови.

Денеска се одржа прес-конференција на која клубот и општината ја повикаа битолската публика што помасовно да присуствува на утрешниот натпревар и со заеднички сили да издвојуваат победа.

-Лино сонуваше да го победи Вардар и сонот му се исполни. Сега јас сонувам да славиме против Металург на првиот натпревар во овој прекрасно реновиран објект. Ја повикувам битолската публика да ни даде поддршка, да ја наполни спортската сала „Младост“ и да се обидеме да им парираме на фаворизираните гости. Што се однесува до играчкиот кадар, Колев верувам дека ќе биде спремен за утрешниот дуел, иако мора да потенцирам дека Даниловски одлично го замени и не се почувствува отстуството на репрезентативецот. Борјан Маџовски е исто така во тренажен процес и ќе настапи против Металурт, откако превентивно го сочувавме против Борец во саботата, изјави денеска Касим Каменица, тренер на РК Пелистер.

Салата е комплетно подготвена за утре.

-Тренерот Каменица и управата на РК Пелистер ме поканија на оваа прес-конеференција и јас со големо задоволство сум тука да го поздравам овој нов почеток. Бев тука пред неколку дена и недостигаа само уште неколку детали, а сега гледам дека скоро сите предвидени работи се завршени. Ние ќе продолжиме да реновираме и делот од ходниците, соблекувалните и салата ќе биде уште поубава и помодерна. Напоредно се развива и тимот и очекувам утре и ракометарите да одиграат како што од нив се очекува. Металург е моќен состав, но Пелистер не заостанува зад нив и верувам дека со помош на публиката можеме да се радуваме на победата, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

-Комплетно го реновиравме објектот, поставен е новиот семафор, означен е теренот за неколку спортови кои ќе се играат во објектот, а од денес е поставен и видео надзор кој ќе го снима објектот и активностите во него 24 часа. Мислам дека сега постојат максимални услови конечно нашиот клубови да играат во модерен спортски објект и да постигнуваат врвни резултати, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП Комуналец.

Ракометарите на Пелистер, Кирил Колев и Васко Димитровски изјавија дека на утрешниот натпревар ќе одат на победа.

GOLD
GoldSlot
To Top