Новости

ЕВРОТИП Банер
Ракомет

Франција потроши 30 милиони евра за ракометниот Мундијал

Трошоците за организација на светското ракометно првенство во Франција ја минаа цифрата од 30 милиони евра. На неколку часа пред стартот на првенството, стана јасно дека ова првенство ќе биде со рекордна медиумска покриеност, затоа што повеќе од 1450 новинари и фотографи се акредитирани за да ги следат настапите на најдобрите светски ракометни репрезентации.

Поради заканата од терористички напади, француската полиција обезбеди дополнителен број на органи на редот кои ќе ги обезбедуваат натпреварите. Новина на шампионатот ќе биде воведувањето на видео-технологијата на голот, која ќе сигнализира дали топката ја минала гол-линијата или не.

Македонија утре почнува против Тунис (17:45 ч.) со првиот меч за нас во рамките на групата „Б“.

Karmen
To Top