Новости

Ракомет

16 земји во Хрватска од денеска ќе се борат за Европската титула во ракомет

Најголемиот континентален настан во календарот на ракометот, Европското првенство за мажи во ракомет започнува денеска во Хрватска, а 16 тимови од цела Европа ќе бидат дел од финалниот турнир. Квалификациите започнаа во октомври 2014 година со фаза 1, по што следуваа главните квалификациски круга во фаза 2 завршени во јуни 2017 година. Настанот во Хрватска ќе трае од 12 до 28 јануари, а натпреварите ќе се одржат во четири градови домаќини – Сплит, Пореч, Загреб и Вараждин.

Домаќинот Хрватска ќе ја започне својата битка во групата А, играјќи со Шведска, Србија и Исланд во Сплит. Домашниот тим стана дел од првентсвото како бронзени медалисти на претходниот настан и се надева дека конечно ќе ја добие европската титула, откако три пати ја освојуваат бронзата (1994, 2012 и 2016) и среброто двапати (2008 и 2010 година). Хрватска нема пропуштено битка за медал уште од првенството во 2002 година, а се бореше за бронза на последниот голем меѓународен натпревар, 25-тиот Светски шампионат на IHF во Франција во јануари 2017 година.

Двајца од главните претенденти за трофејот, финалистите на Светското првенство во 2017 година Франција и Норвешка, ќе играат во прелиминарната група Б во Пореч, каде што ќе се состанат со Белорусија и Австрија. Норвешка го постигнаа историското четврто место на Европското првенство во 2016 година, а минатата година во Франција го славеа нивниот прв меѓународен медал, второ место на Светското првенство во Франција 2017 година. Моменталните светски шампиони и освоијувачи на олимписките сребрени медали, Франција, освоиле злато на европско првенство во ракомет во три наврати, во 2006, 2010 и 2014 година и ќе се надеваат на подобрување на нивниот резултат од 2016 година од петтото место.

Шампионите од 2016-та, Германија, ќе ја започнат одбраната на титулата во Загреб. Во групата Ц, Германија ќе играат против бронзените медалисти од Светското првенство 2017 година, Словенија, Македонија и Црна Гора. Победата на Германија во 2016 година беше нивниот втор трофеј на европско првенство, откако во 2004-та го освоија златото кога ги победија домаќините Словенија. За Словенија, медалот во Хрватска ќе биде трет по ред успех, по среброто во 2004 година и бронзата во Франција 2017 година.

Во групата Д, играјќи во Вараждин, светските шампиони од 2013 и сребрените од 2016, Шпанија ќе играат против олимписките шампиони во 2016 година – Данска, Чешка и Унгарија.

Во секоја прелиминарна група од четири, првите три екипи ќе напредуваат во главниот круг, кој ќе се одигра во две групи во Вараждин и во Загреб. Првите два тима од секоја група потоа ќе се сретнат во полуфиналето во Загреб.

Освен континенталната титула, ЕХФ ЕП 2018 нуди можност и три екипи да ги резервираат своите места на Светското првенство во 2019 година во Германија и Данска, со што ќе ги прескокнат ригорозните квалификации.

СН Финансии
To Top