Новости

Uncategorized

Дамир Којашевиќ ја напушти Војводина за Казахстан

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дамир Којашевиќ, по само шест месеци ја напушти Војводина и реши кариерата да ја продолжи во Казахстан.

Којашевиќ сезоната ја започна во редовите на Вардар, откаде се пресели во Нови Сад, во Војводина. Црногорецот во есенскиот дел од првенството на Србија постигна четири гола, но новиот тренер на Војводина реши дека услугите на Којашевиќ нема да му бидат потребни во пролетниот дел од шампионатот.

Бидејќи сезонава веќе настапуваше за две екипи, единствено можно за играчот од средниот ред беше кариерата да ја продолжи на далечниот исток, но наместо за Кина тој се реши за касхстан и за екипата на Шахтјор Караганди.

GOLD
To Top