Новости

Балкан

Автобус со Македонци се судри во Австрија

Возач на автобус од Македонија е повреден во сообраќајна несреќа при судир со автомобил што се случила синоќа околу 22 часот во близина на Шлиeрбах, Австрија.

Станува збор за автобус на македонскиот превозник „Насир Турс“ кој сообраќал од Хамбург за Македонија. Oд „Насир Турс“ потврдија дека 40-годишниот возач се здобил со повреди и е пренесен во австриска болница. Во моментот на несреќата во автобусот се превезувале 28 патници, кои не се повредени и го продолжиле патот со друг автобус.

Во сообраќајната несреќа покрај автобусот учествувале уште три возила.

Според локалните медиуми, во сообраќајката загинал сопатникот во автомобилот 25-годишен маж, возачот на автомобилот е тешко повреден, а полесно се повредени уште три лица.

Според првичните сознанија на полицијата, до несреќата дошло кога автомобилот преминал на спротивната коловозна лента и директно се судрил со автобусот.

GOLD
SN Finansii
To Top