Новости

Балкан

Во Грција нема повеќе бесплатни кеси во продавниците

Грците, големи потрошувачи на бесплатни пластични кеси во супермаркетите, од 1 јануари мора да плаќаат за кесите. Мерката е воведена со цел да се намали потрошувачката на кесите, која сега изнесуваа 400 по жител годишно.

Според грчкото Министерството за животна средина, целта е да се достигне потрошувачка од 90 пластични кеси со дебелина од 15 до 50 микрони по жител.

Ќе се плаќа по 4 евроценти за кеса, а ако резултатите од оваа мерка се неповолни, од 2019 кесите ќе поскапат на 7 евроценти по парче. Ако и тоа не донесе очекувани резултати, во 2020 ќе се забранат пластични кеси, како што е случај во 35 земји од светот.

To Top