Новости

Балкан

Големи штети по поројните дождови во Грција

Огромни штети биле предизвикани од поројните дождови кои што изминатиот период ја зафатија Грција, соопштија властите додавајќи дека илјадници земјоделски површини биле претворени во езера.

Поројни дождови ги зафатија градовите Агринио и Месолонги при што поплавени беа приземјата на куќите, а по улиците имаше повеќе од еден метар вода.

Тешка е ситуацијата и во Епир каде на многу места имаше лизгања на земјиште и поплавени згради, а пожарникари спасуваа луѓе од куќи кои биле затрупани од свлечишта и многу вода.

Студирајте на БАС
To Top