Грујевски и Бошкоски чекаат преведувач за да им ја соопшти одлуката за екстрадиција - Шеталиште

Новости

Балкан

Грујевски и Бошкоски чекаат преведувач за да им ја соопшти одлуката за екстрадиција

Нема преведувач кој во моментов на македонски јазик би ја соопштил одлуката на Судот во Солун дали Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрадирани во земјава, потврди за „Макфакс“, адвокатот Петар Василев.

Судиите дадоа пауза додека не најдат некој кој ќе им овозможи во целост да ја разберат одлуката која ја донесе советот на Судот.

Адвокатите на Грујевски и Бошкоски на рочиштето во средата побараа тие да не бидат екстрадирани во Македонија со објаснување дека тука ќе немаат фер судење, а животите би можеле да им бидат загрозени.

Двајцата се обвинети од СЈО за предметите „Тврдина“ и „Таргет“, а беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

To Top