Новости

Балкан

Грчки политичари во центар на фармацевтски скандал

Грчкиот парламент ги објави имињата на двајца поранешни премиери меѓу кои и Андонис Самарас и осум екс министри, вклучувајќи го и гувернерот на централната банка Јанис Стурнарас и еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос како вмешани во голем фармацевтски скандал, јави агенцијата Асошиетед прес.

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Новартис“ , според истрагата од 2006 до 2015 година, ги подмитувал грчките функционери со цел во грчките болници да биде зголемен бројот на рецепти на негови лекови.

Истрага се води и против директорот на огранокот на „Новартис“ во Грција на кој му е забрането да ја напушти земјата. „Ова е голем скандал кој го запрепасти грчкото општество“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

GOLD
To Top