Една жртва во силното невреме кое што ја зафати Албанија - Шеталиште

Новости

Балкан

Една жртва во силното невреме кое што ја зафати Албанија

Електричар од градот Фиер е првата жртва во невремето кое што ја зафати Албанија. Невремето е проследено со силен ветар и обилен и интензивен дожд.

Тој настрадал од електричен удар во моментот кога отстранувал дефект во селото Крујан. Тој бил брзо однесен во болница, но им подлегнал на повредите.

Поројните дождови поплавиле големи земјоделски површини и патишта низ Албанија, а од големото ниво на вода блокиран е и автопатот Тирана-Драч.

Сообраќајот отежнато се одвива и на патот кој води кон меѓународниот аеродром во Тирана. Видно е зголемено и нивото на реките, а поплавени се и повеќе деловни објекти и домови.

Утре нема да работат сите училишта и градинки во Албанија.

To Top