Новости

Балкан

Ердоган:Турција прва го призна уставното име на Македoнија

При денешната официјална посета на претседателот Ѓорге Иванов во Анкара каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, претседателот Иванов го покани турскиот претседател Ердоган да ја посети Македонија. Претседателот Ердоган како одговор на поканата рече дека доколку неговата програма биде соодветна, во мај ќе се реализира возвратна посета на Македонија.

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмираше и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

– Ние сме први што го признавме уставното име на Република Македонија. Она што го мислевме тогаш, го мислиме и сега. Ние не мрдаме ни лево ни десно. Турција во дипломатијата никогаш не се однесува двострано. Ние откако сме донеле своја одлука, ние умираме, но не се враќаме назад, рече Ердоган.

Истакна дека покрај признавањето на уставното име на Македонија и името на нацијата, Турција била првата земја што испратила свој амбасадор во Македонија.

GOLD
To Top