Новости

Балкан

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја стреси Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени на Рихтер беше забележан во 08:20 часот утрово во Егејското Море покрај брегот на Грција и Турција. Ова го соопшти Европскиот сеизмолошки институт.

Потресот бил на длабочина од 15 км и бил помеѓу грчките острови Кос и Родос и турското село Дача во провинцијата Мугла.

Епицентарот бил 60 километри од Родос, Грција и 233 километри јужно од Измир во Турција.

Во оваа област има многу одморалишта.

GOLD
SN Finansii
To Top