Новости

Балкан

Казни во Хрватска: Кој нема да го исчисти возилот од снег ќе плати 100 евра

Поголем дел од Хрватска ја зафати снежен бран, а граѓаните се предупредени дека кој нема да го исчисти снегот од возилото ќе добие казна од 700 куни – што е нешто помалку од 100 евра.

Освен што мора да имаат зимска опрема, возачите според Законот за безбедност на сообраќајот, се должни и да го исчистат својот автомобил од снегот.

На тие што нема да го направат тоа им се заканува казна од 700 куни ако управуваат возило на кое има снег и мраз.

 

To Top