Новости

Балкан

Маж фрлил бомба врз американската амбасада во Подгорица, потоа се самоубил

Едно лице загина во напад врз американската амбасада во црногорската престолнина Подгорица. Во инцидентот загинал напаѓачот, кој прво фрлил рачна граната кон објектот на амбасадата, по што го активирал експлозивот што го носел на себе.

Областа околу објектот е блокирана од полицијата, а амбасадата ги предупреди американските државјани дека има „активна безбедносна ситуација“. Црногорските власти соопштија дека напаѓачот, чиј идентитет е непознат, ноќеска фрлил граната во дворот на амбасадата, по што се самоубил, активирајќи го експлозивот што го носел на себе. Во нападот нема други жртви, ниту пак е причинета поголема штета.

Црна Гора стана членка на НАТО во 2017 година и покрај силното противење на традиционалниот сојузник Русија. Неколку лица, меѓу кои и двајца припадници на руските разузнавачки служби, се изведени пред судот во Подгорица, каде што им се суди за обид за соборување на црногорската влада во 2016 година, поради нејзините прозападни политики, пренесува АП.

faktor.mk

Evrotip
Евротип
To Top