Новости

Балкан

Одложено за 2 март рочиштето за жалбата на Грујевски и Бошковски

Врховниот суд во Атина за 2 март го одложи рочиштето на кое требаше да биде разгледана жалбата на одлуката за екстрадиција на Судот во Солун за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јави дописникот на МИА од Атина.

Рочиштето е одложено поради тоа што адвокатите немале време да го разгледаат предметот и затоа што не бил обезбеден преведувач на македонски јазик.

Evrotip
Евротип
To Top