Османи во Атина, можна средба Ципрас – Заев во Давос - Шеталиште

Новости

Балкан

Османи во Атина, можна средба Ципрас – Заев во Давос

Јануари е месецот во кој се очекува развој на настаните во прашањето за името, објавуваат грчките медиуми и овој став го поткрепуваат со можните средби што би се случиле во следниот период.

Посета на вицепремиерот Бујар Османи на Атина, нова рунда разговори за името, посета на генералниот секретар на НАТО на Скопје и евентуална средба на премиерите на двете земји во Давос се активностите предвидени за јануари, според медиумите кај јужниот сосед.

To Top