Новости

Балкан

Протест во Солун за името Македонија – „Македонија значи Грција“

Под мотото „Македонија значи Грција“ денеска во Солун во 14 часот е закажан голем протестен митинг организиран од неколку грчки здруженија на Македонците и организации на грчката дијаспора. Деновиве низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест во Солун.

Организаторите на протестот не прифаќаат какво било име за северниот сосед со терминот Македонија и бараат организирање на референдум за ова прашање. Како медиумски покровители на овој протест се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

Демонстрациите ќе почнат пред Белата кула, каде што се очекува да пристигнат 500 автобуси од различни делови на Грција. Полицијата проценува дека ќе има околу 30.000 демонстранти.

 

Посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц најави скорешни средби во Скопје и Атина за неговиот последен предлог на четири страници што им бил даден на претставниците на Македонија и на Грција.

Протестот во живо може да следите на видеото подолу:

 

GOLD
SN Finansii
To Top