Новости

Балкан

Турција на прво место во Европа по смртни случаи во несреќи при работа

Повеќе од 1.850 работници загинале како резултат на несреќи при работа во Турција од јануари до ноември годинава, покажуваат податоци на турската агенција за односи со јавноста ПРНет.

Според овој показател, Турција е на прво место меѓу европските земји, а жртви на работното место се претежно мажи.

Во ноември, повеќето смртни случаи, вкупно 23, биле регистрирани во Истанбул. Потоа следуваат Конија, Анталија, Газиантеп и Измир.

Повеќето несреќи при работа се случиле во земјоделскиот сектор. По него се градежништвото и транспортот.

Турските медиуми посветуваат големо внимание на проблемите со несреќи при работа и смртни случаи поврзани со нив. Од јануари до  ноември годинава во турските медиуми се објавени 8.962 информации на оваа тема, објави ПРНет./МИА

To Top