Новости

Балкан

CNN отвора телевизиски канал во Албанија

Вчера беше објавено дека една од најголемите медиумски светски куќи, CNN ќе соработува со албанската компанија „Генер2“ со цел да донесат нова медиумска платформа во Албанија наречена А2.

Новиот информативен канал ќе ги пренесува интернационалните покривања на настаните од CNN, додека CNN ќе користи вести од А2 ако се работи за важни и ударни вести од Албанија.

Новиот канал се очекува да биде лансиран на крајот на годината, а ќе биде наменет за жителите на Албанија, како и за Албанците во дијаспората, информираат од компанијата „Генер2“. А2 е резултат на партнерство на оваа компанија со CNN.

 

„Со отворањето пaртнерска телевизија на CNN, со седиште во Тирана, сакаме да го подигнеме нивото во производството на информативните содржини и да ја промениме медиумската реалност во Албанија, нудејќи брз, аналитичен и кредибилен извор на информации“, изјавил Башким Улај, генерален директор на компанијата „Генер2“.

А2 покрај сопствената програма, ќе емитува и програма од CNN преведена на албански јазик.

„А2 има потенцијал да донесе нов и единствен стил на новинарство во Албанија, со самото тоа што претставува ексклузивно партнерство на CNN за оваа земја и станува дел од мрежата од преку 1.100 светски подржуници. Се радуваме на соработката со компанијата „Генер2“ во идните месеци ќе следува обука, консултации и заеднички идеи со цел креирање медиумска платформа која треба да стане информативен лидер во Албанија“, рекол Грег Бејчмен, потпретседател на комерцијалниот огранок на CNN International.

 

Студирајте на БАС
To Top