Новости

Балкан

Светските медиуми за протестот во Атина

EPA

Гемaнскиот весник Шпигел се обидува да го објасни конфликтот меѓу Атина и Скопје цитирајќи изјава на Штефан Требст, професор по историја за Источна Европа.

Запрашан дали има јасни причини што го спречуваат Скопје да го користи името Македонија, тој одговара: – Од грчка гледна точка името на соседната држава кое е како и грчката провинција со такво име, крие опасност за државата. Тоа е апсурдно бидејќи со децении Грција е членка на НАТО и на Европската унија и има армија која е значително поголема од таа на микроскопската држава Македонија. Затоа смета дека грчките тврдења заради безбедност, се неосновани.

Весникот Фајненшал тајмс на првата страничка објавува опширна статија за митингот. Под статијата има фраза – Соседи во битка за името.
– Спорот меѓу Грција и нејзиниот северен сосед натера илјадници Грци да излезат на улиците на Атина, наведува весникот. Тие се во фокусот на напорите на двете влади да најдат решение за проблемот под покровителство на посредникот на ОН. Весникот акцентира и на стравувања на Грците заради „иредентистички претензии“ од страна на  Македонија кои се пречка за државата да влезе во НАТО.

Британски Скај њуз објави прилог во кој се обидува да ги објасни причините кои ги натерале илјадници Грци да пројават стравување заради името Македонија.

„Демонстранти во Атина на масовен митинг против евентуален компромис од страна на Грција за спорот со официјланото име на соседната држава“, се вели во коментар на Кинеската телевизија.

Агенцијата ДПА објави под наслов Големи демонстраци во Атина: Македонија е грчка, и тврди дека стотици илјади, според демонстрантите и речиси милион, настојувале Грција да добие ексклузивни права врз употребата на името Макеоднија. Се нагласува дека на демонстрациите биле поканети и националистички организации и такви со религиозна ориентација. Во нив учествувале конзервативни политичари, десничарски популисти како и митрополити од многу региони во државата.

Агенцијата Франс прес објави дека на протестите бил и поранешниот премиер Антонис Самарас кој бил министер за надворешни работи во време кога почнале несогласувањата во врска со името во 1991 година. Тие потсетуваат дека сличен протест бил одржан и во Солун пред две недели на кој имало речиси 100 илјади демонстранти.

Во извештајот се нагласува дека владата во Атина нема да биде под влијание на протестите во нејзината одлука за решавање на спорот со името и со цел да асе засили стабилност на Балканот.

Извор: МИА

GOLD
SN Finansii
To Top