Новости

Битола инфо

Ќе се гради регионална депонија во Пелагонискиот регион

Советот на Општина Битола денеска едногласно ја изгласа Одлуката за давање согласност за основање регионална депонија и потребната инфраструктура за Пелагонискиот регион од страна на Владата на Република Македонија. Одлуката стапи на сила со нејзиното донесување од страна на Советот.

Како што е наведено во самата одлука, главни причини заради кои се носи одлуката се проблемите со кои се соочува општината во управувањето со отпадот и неможноста за исполнување на обврските кои произлегуваат од Законот за управување со отпад. Заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, неопходно е итно преземање активности со цел собирање, транспортирање, селекција и отстранување на отпадот. Заради неможноста општината да ги обезбеди потребните минимални средства, кои изнесуваат 4 милиони 420 илјади евра, со донесувањето на Одлуката, основањето на регионалната депонија Советот го доверува на Владата.

Точката беше дополнително ставена на дневен ред како прва точка на денешната седница.

-Денес како точка на дневен ред беше  започнување на проект за изградба на регионална депонија која е прокт од Владата на РМ со која ќе се вложат повеќе од 40 милиони евра за изградба на регионални депонии. Оваа регионална депонија ќе помогне во собирање на отпадот од Општина Битола, градовите во Пелагонискиот регион, донатор на таа регонална депонија ќе биде Владата. Ова ќе овозможи решавање на проблемот кој го има Општина Битола и другите општини со аерозагадувањето и намалување на штетите. Локацијата се уште не е утврдена, но Пелагонискиот регион ќе ја добие оваа депонија, таа е се уште предмет на анализа, но сигурно ќе знаеме за брз период каде ќе биде поставена. Во 2018 година сигурно ќе се започне со изградба, рече Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола.

GOLD
To Top