Новости

Битола инфо

Џепането во Битола ќе се заштити од кражби и ќе стане културен простор

Објектот кој е дел од историјата на Битола, Џепането, веќе неколку години наназад е честа мета на крадците, кои однесоа од овој објект се што можеше да се земе. Токму заради тоа објектот почнува да се распаѓа.

Со цел да се заштити објектот од крадци и понатамошно предизвикување штета, Завод и Музеј Битола покрена иницијатива за овој објект да се стави во културна функција, но претходно треба да се заштити, истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Интервенциите кои сега се изведуваат се за прво и основно да се заштити од натрапници, а потоа со изготвување на проект за реставрација и конзервација и тој објект да се санира. Се надеваме дека во иднина и тоа ќе биде културен простор каде ќе се изведуваат културни активности“, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Битолската тврдина (наречена и Џепане, од тур. cephane, во слободен превод мунициија, односно барутана или арсенал[1]) претставува споменик на културата од прва категорија во Македонија. Таа е изградена во 1876 година во форма на крст со вградени четири уникатни објекти од делкан камен. Објектот е сместен во битолската касарна. Објектот, кој е врвно архитектонско остварување на смилевските мајстори, кои иако по нарачка на валијата го изградиле во форма на крст, е место за културни настани и туристичка атракција. Во минатото Џепането ретко кој го посетил со оглед на тоа дека во времето на ЈНА бил магацин за оружје и се чувал како воена тајна, заштитен со стражарници, бодликави жици и замандалени челични порти, но денес со затворањето на касарната и давање на општината во владение, објектот е отворен за посети и за поголеми инвестирања.

Според истражувањето на битолскиот археолог Стевче Тодоровски, тврдината ги крие тајните симболи на смилевските мајстори. Објектот бил граден во време на битолскиот валија Ќоса Ахмет Зеки-паша, кој им понудил пари на мајсторите кога ја доградиле барутаната. Но, тие одговориле: „…преплатено е валија, за света работа пари не земаме“. Валијата не сфатил што кажуваат, но подоцна неговиот писар му покажал дека од спротивниот објект се гледа одлично изѕидан христијански крстформиран од обиколните ѕидови и згради. Дури и во ѕидот на еден од објектите мајсторите на камен изделкале крст, косо поставен за да не паѓа веднаш в очи

 

To Top