Новости

Битола инфо

Библиотеката донираше 70 книги во битолскиот затвор

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Јелена Петровска ја прифати иницијативата на директорот на КПУ Затвор Битола Драган Крајовски за спроведување на мерките за подобрување на условите и програмите за рехабилитација на осудените лица.

На работната средба беа донирани 70 книги од дупликати, подарени книги и книги за размена. Директорите на двете институции потпишаа меморандум за соработка, а беа договорени и следните активности поврзани со можности за библиотечниот простор, позајмување на книги, учество во програмите за ресоцијализација, предавања, библиотерапија, описменување и информациска писменост како и други активности кои се наменети во тој тип на установи.

На тој начин библиотеката уште еднаш ги следи препораките на IFLA во рамките на спроведување на Агенда 2030 за одржлив развој од Обединетите нации, особено во делот на промовирање на мирољубиви и инклузивни општества каде библиотеките имаат активно влијание.

СН Финансии
To Top