Новости

Битола инфо

Библиотеката ќе донира книги во битолскиот затвор

Директорот на КПУ Затвор – Битола, Драган Крајовски во рамките на спроведување на мерките за подобрување на условите и програмите за рехабилитација на затворените лица, иницира работна средба со в.д. директорот  на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Јелена Петровска за оформување на одделот во затворот каде што ќе бидат сместени книги кои што затворениците ќе можат да ги позајмуваат за читање.

Од својот библиотечен фонд библиотеката ќе оддели дел од дупликатите, подарени книги и книги за размена  со цел да се поддржи програмата на затворот за ресоцијализација на затворениците.

Работната средба на која ќе бидат подарени 70 наслови на книги, ќе се одржи на ден 10.01.2018 година (среда) во 10 часот во просториите на КПУ Затвор – Битола.

To Top