Новости

Битола инфо

Битолската библитека со низа активности утре ќе го одбележи патрониот празник

По повод одбележувањето на Патрониот празник,  НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола организира свечена програма кое ќе се одржи на ден 07.12.2017 година (четврток) со почеток во 12 часот во салата за промоции на библиотеката.

Во програмскиот дел ќе настапи Културно – уметничкото друштво,  хорот  „Стив Наумов“ – Битола под диригенство на Љубомир Трифуновски.

Воведен збор ќе има м-р Јелена Петровска, в.д. директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Предавање и видео презентација со наслов „Моќта на буквите“ ќе одржи м-р Александар Гулевски.

Исто така, ќе бидат претставени изданија на Библиотеката и тоа:

  • „Библиографија на магистерски трудови и докторски дисертации одбранети на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола 1991 – 2016 година“, составена од библиотекар советник Јоланда Бошевска и виш библиотекар Гордана Пешевска.
  • Зборникот на излагања од 12-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија и
  • Списанието „Библиотечен тренд“ бр.44

Во рамките на одбележувањето на Патронатот, во  холот на библотеката поставена е изложба на книги – Свети Климент Охридски, Од Бога даруван – Пастир и учител .

To Top