Новости

Битола инфо

Божиќни подароци од Владиката Петар во Домот за доенчиња во Битола

Како и секоја година, традиционално на Божиќ, Владиката Петар ги посети дечињата од Домот за доенчиња и мали деца во Битола и им даде Божикни подароци честитајќи им го големиот празник.

-Продолжува нашата традиционална Божикна посета на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Нашата желба е овој радосен празник, Божик – празникот на децата да го одбележиме со децата, да го споделиме со дечињата во оваа установа. Посакувам Господ да им дава напредок на овие дечиња во нивниот телесен раст и во нивното духовно напредување, истакна митрополитот преспанско-новозеландски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Во моментов во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола згрижени се повеќе од 60 деца кои денес добија Божиќни подароци, потврди директорката Соња Илијевска.

GOLD
SN Finansii
To Top