Новости

Битола инфо

Братот на битолчанецот Александар со официјална информација за работите да бидат разјаснети

Братот на Александар со официјални формација за работите да бидат разјаснети.

„Dear family and friends,

As you may know recently we lost our beloved brother and son Aleksandar.
We highly appreciate your love and support in these difficult times.

Thanks to many generous people who gathered to raise funds – all costs and expanses for the funeral will be covered.
Due to the circumstances my family and I have decided to do the funeral and give our last goodbye to Alex in Malta.

Regarding the donation links that are posted this is the only one that I know of and it is raised by our family in Australia to help us in this situation with the funeral expanses.

Thank you and blessed be all.

Драги роднини и пријатели,

Како што знаете неодамна го изгубивме нашиот сакан брат и син Александар.
Мојата фамилија и јас бескрајно ја цениме вашата подршка во овие тешки моменти.

Благодарение на многу пријатели кои помогнаа да се соберат средства – сите трошоци околу погребот ќе бидат покриени.

Линкот за донации е покренат од нашето семејство во Австралија со цел да се помогне во оваа ситуација и беше поставен уште првиот ден кога сеуште никој немаше конкретни информации што ќе се случува понатаму во смисла каде ќе се одржи погребот.

Желба на моето семејство е погребот на мојот брат да се одржи на Малта.

Електронските медиуми во Македонија објавуваа статии за нашето семејство и мојот брат со цел да се помогне НО никој од нив не се консултираше со нас и контекстот во статиите е погрешно пренесен.

Трошоците за погребот на Малта се големи и на нашата фамилија им требаше финансиска помош.

Уште еднаш од срце сакам да ви се заблагодарам за вашата помош и поддршка на сите кои сте со нас во ова време.

Ова е официјална информација и ве молам споделете го линкот за работите да бидат разјаснети.“ напиша Илија Грујоски, братот на Александар на својот Фејсбук профил.

 

Evrotip
Евротип
To Top