Новости

Битола инфо

Во Битола ќе се одбележи Денот на руската дипломатија

Од минатогодишното одбележување на Денот на руската дипломатија

Одбележувајќи го Денот на руската дипломатија – 10-ти февруари, ден претходно на 9-ти февруари (петок) во 11 часот, ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“ во градскиот парк во Битола.

На споменикот кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен допломатот Ростковски во 1903-тата година, своја почит кон оваа личност, но и кон одбележувањето на денот на руската дипломатија ќе оддадат Амбасадата на Русија во Македонија, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, претставници на дипломатскиот кор во земјава, Советот на Општина Битола, почесните конзули и граѓани почитувачи на делото на овој голем руски дипломат.

Професионалниот празник на руската дипоматија е утврден со Указ од Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31-ви октомври 2002 година, но традицијата на руската дипломатија има свои длабоки корени. Уште во 838 година руската мисија е упатена во Константинопол, а во 860 година Русија потпиша Договор со Византија „За мир и љубов“. Се слави на 10-ти февруари, затоа што на тој ден во 1549 година е првото споменување на „Посолскиот приказ“, односно првата надворешно-политичка служба на Русија.

To Top