Новости

Битола инфо

Гран при за претставата „Дисфункција“ на фестивалот во Нови Сад

Претставата „Дисфункција“ ја освои Гран При наградата на јубилејното 20-то издание на ФАПС кој се одржа викендов во Нови Сад, Србија. Но не ја освоија само највисоката награда, туку уште 5 други награди.
1. Гран При за претставата “Дисфункција”
2. Награда за најдобра режија на претставата “Дисфункција” на Димитар Шутевски
3. Награда за адаптација на текст на Ана Жежовска
4. Најдобра машка улога на Валентин Дамчевски
5. Најдобра женска улога на Симеона Павловска
6. Специјално признание “Велја Мацуд” за посебен придонес во областа на аматерскиот театар.
„Дека на овој или оној начин, ќе бидеме пофалени или наградени очекувавме, но дека ќе добиеме 6 награди беше апсолутно изненадување! Жирито имаше неверојатна доблест да препознае колку ние напорно работевме и несебично се дадовме себеси овој процес. Ние сме прегорди! Наградите се огромно признание за нашиот квалитет, но и голема одговорност, да продолжиме да создаваме и да твориме, да работиме на нас и да пишуваме нови почетоци и краеви,“ велат младите таленти за нивниот голем успех во Нови Сад.
Актерската екипа е составена од Симеона Павловска, Ана Жежовска, Валентин Дамчевски и Виктор Иловски. а режијата е на Димитар Шутевски.
„Дисфункција“ е претстава на Младинската сцена при Интимниот театар Битола.
GOLD
To Top