Новости

Битола инфо

Делегации од Германија и Израел на средба со градоначалничката Петровска

Како дел од комеморативните активности по повод 75 години од депортацијата на Евреите, Македонско-германската иницијатива за помирувањепредводена од Ханс Јоаким Шолц, свештеник на Протестантската црква во Баден, Германија, денес оствари средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска. На средбата Шолц и врачи на Петровска специјални обележја за градот Битола и за Еврејските гробишта во знак на благодарност за вклучувањето на Битола во мисијата на македонско-германската иницијатива за помирување.

Веднаш по оваа средба, градоначалничката се сретна и со делегација, предводена од Амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Ориан. И двете средби беа придружувани од млади луѓе, од Германија и Израел, кои низ посебни мелодии создадоа една несекојдневна атмосфера која наоколу опсипуваше со многу љубов и искреност.

„Денешната посета е навестување на активностите кои ќе се реализираат утре. И едните и другите, покажаа дека носат во себе огромна љубов, верба за иднината, сакајќи да се потсетат на она што се случило во минатото, токму на овие простори, да си подадат рака едни кон други и да им покажат на возрасните, на политичарите, на лидерите, дека она што го сакаат младите е обединет свет. Свет кој што ќе отвори перспектива за нив, за напредок од секаков аспект и духовен и технолошки, она што ќе значи мир и човечки вредности, она за што ние возрасните треба да се избориме. Така што морам да признаам дека денешниот ден посебно го доживеав и сигурна сум дека утре во Битола ќе се случи голем ден, голем настан, кој ќе значи почеток на будење на целиот свет, дека Битола бил центарот на многу збиднувања и дека Битола заслужува да биде посебен град, за навистина сите овие вредности да допрат до сечие срце“, изјави градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Организатор на комеморативните активности по повод 11 март е Општина Битола, во соработка со Здружението АРХАМ, носител на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.

GOLD
GoldSlot
To Top