Новости

Битола инфо

Демирхисарец уценувал битолчанка со компромитирачки материјали

Сектор за внатрешни работи  Битола  поднесе кривична пријава против Т.Т.(29) од  Демир Хисар за сторено кривично дело “уцена“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 01.10.2017 до 07.01.2018 година пријавениот, преку социјалните мрежи Viber, Facebook и телефонски пораки, на 36 годишно лице од Битола и побарал  5.000 денари, за да ги избрише снимените компромитирачки материјали кои таа му ги испратила. Откако оштетената му го исплатила бараниот износ, пријавениот и понатаму ги задржал снимените материјали кај себе,  и со истите и понатаму ја уценувал.

GOLD
SN Finansii
To Top