Новости

Битола инфо

Добиена локација за полигон во Битола, најави градоначалничката Петровска

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на Фејсбук најави дека е добиена трансформацијата на земјиштето и дека ја имаат локацијата за полигон за полагање. Петровска не наведува засега, за која локација се работи.

Битола веќе 5-та година е без полигон за полагање, откако Секторот за управно-надзорни работи при МВР во 2013 година, поради неисполнување на пропишаните стандарди, донесе решение за забрана за користење на полигонот за полагање возачки испити во Битола. Кандидатите овие години полагаа на изнајмените полигони во Ресен и во Прилеп.

GOLD
To Top