Новости

Битола инфо

Доделени меѓународните награди во детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ Битола

Во детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ вечерва се доделија меѓународни награди и признанија на 15 ученици, членови на детското ликовно студио. Тоа се награди и признанија кои ги освоија минатата година на фестивали надвор од Македонија, награди освоени во Полска, Чешка, Бугарија, Романија, Јапонија, Португалија и Индија.

На настанот присутен беше и министерот за култура Роберт Алаѓозоски, а заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска и раководителот на Студиото Коста Хаџи Антоновски им ги доделија наградите на децата.

-Манифестацијата претставува непроценливо богатство за Македонија и како корпус на создадени дела на млади уметници од целиот свет и како бренд кој Македонија и Битола ги прават препознатливи на светската мапа, рече министерот Алаѓозовски.

Според градоначалничката Петровска, младите уметници се фиданката на која Битола треба да се потпира во делот на културата, додека пак раководителот на Студиото, Коста Хаџи Антоновски, нагласи дека студиото годинава одбележува шест децении професионално ликовно творештво.

Evrotip
Евротип
To Top