Новости

Битола инфо

Доделени општинските награди „4-ти Ноември“

Вечерва во Народниот театар Битола свечено беа доделени 4-то ноемвриските награди по повод 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Наградата за животно дело ја доби проф. д-р Трајко Огненовски, професор по книжевност и лингвист.

Едногодишните награди му беа доделени на д-р Васо Радивоевиќ, од Клиничката Болница Битола, заради достигнувања од областа на здравствената заштита, Драган Најдовски – самостоен ликовен уметник, заради неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола и Менка Николовска, заради остварувања од областа на хуманоста и филантропијата.

Едногодишните награди изнесуваат 15.000 денари, додека за животно дело изнесува 60.000 денари.

На свеченоста се обрати градоначалничката, Наташа Петровска која им ги честиташе наградите на добитниците.

-Битола во моите очи е град на кој треба да му се врати конзулскиот сјај , космополитизмот да доживее ренесанса, нам ни требаат повеќе уредени улици, средени паркови, повеќе градинки, поубави училишта, модерни пазари, разиграна чаршија, ведар Широк Сокак. Да направиме Битола да биде дом за битолчани, да не ни заминуваат децата зашто во секој од нас горат стиховите „За Солуна, за Стамбола, Битола не давам“, рече Петровска.

Исто така беше соопштено дека Општина Битола донираше 30.000 денари за Центарот за аутизам во Битола.

GOLD
GoldSlot
To Top