Донација во медицинското училиште во Битола од Ротари клуб Битола Широк Сокак - Шеталиште

Новости

Битола инфо

Донација во медицинското училиште во Битола од Ротари клуб Битола Широк Сокак

„Имајќи ја во предвид ситуацијата во средното медицинско училиште СУ Д-р Јован Калаузи во Битола кое е во многу лоша финансиска и инфраструктурна состојба, каде професорите и учениците функционираат во нестандардни услови, Ротари клубот Битола Широк Сокак донираше 30 столици и комплетно ја опреми канцеларијата на наставниците.

Со оваа акција сакаме да упатиме јавен повик до граѓанските организации, фирми и поединци  да се заложат и да помогнат во обезбедување на достојни услови за функционирање на ова средно училиште кое до пред 10 години беше едно од најпрепознатливите средни училишта во Р. Македонија,“ се вели во соопштението на Ротари клубот Битола Широк Сокак.

To Top