Новости

Битола инфо

Дрес од ЖРК „Пелистер 2012“ за градоначалничката Петровска

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска се сретна со претставници на Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ од Битола. На средбата се разговараше за перспективите на женскиот ракомет во градот. На состанокот со претставниците на клубот, беше договорено, општината и понатаму во рамките на своите можности, да го поддржува развојот на женскиот ракомет во Битола.

Ракометарките на градоначалничката и подарија дрес од ЖРК „Пелистер 2012“ кој го носи нејзиното име и бројот 18, притоа преку овој број симболизирајќи го датумот на нејзиното раѓање, а со тоа, како што рекоа и големото значење на нејзината поддршка за напредокот на женскиот ракометот во општината.

To Top