Новости

Битола инфо

Дрон видео: Над 2000 луѓе на маршот на живите во Битола

Како дел од одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи подготвено е промотивно видео, кое сликата од масовниот Марш на живите во Битола ќе ја пренесе во Израел.

Над 2000 илјади граѓани од Битола и целата земја, државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, на 11 март, со Марш на живите по битолски Широк Сокак, се вклучија во одбележувањето на 75 годишнината од холокаустот на македонските Евреи.

Комеморативната програма во Битола под покровителство на Владата на Република Македонија и Интернационалниот марш на животот, ја организираше општина Битола во соработка со Здружението “Архам”, носител на проектот за ревитализација на еврејското минато во Битола и уредување на Меморијален парк на живите на Еврејските гробишта во Битола.

GOLD
GoldSlot
To Top