Новости

Битола инфо

Економски силните жени можат да бидат предводнички во борбата за родова еднаквост 

-Еден од најважните чекори за една жена е да стане економски независна. Тоа е едно од најважните лични права, но и човекови права. Претприемништвото е модел кој зближува, жените да се споени во заедничкиот интерес за бизнис успех во општеството. Сметам дека ова треба да биде заедничка женска порака за партнерство, околу која сите жени треба да се обединат, рече Анита Ангелевска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и советник во битолскиот Совет.

„За да напредува еден бизнис многу е важно лесно да функционира во општеството. Република Македонија иако во изминатите години високо котираше на ранг-листата на „Дуинг бизнис“ на Светска банка, сепак во реалноста ситуацијата не беше токму таква“ – изјави на денешната средба во Битола организирана од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Битола, Татјана Марковска проект менаџер во УСАИД, на која присуствуваа жени претприемачи од градот, политичарки,граѓански активистки,претставнички на различни етникуми и ранливи групи.


-Нашата цел беше зголемување на економскиот развој и тоа на поширока основа, што повеќе чинители да бидат вклучени во приватниот сектор, да креираат вредности и да придонесуваат за нови работни места. Ние се уште работиме на бизнис климата, но сега сме фокусирани на оспособувањето на коморите да бидат гласноговорници на бизнисот, рече Татјана Mарковска, прокет менаџер во УСАИД, од секторот за економски равој. Мирјана Македонска директорката на Проектот за развој на деловниот еко систем пред присутните ги претстави најзначајните подрачја кои се опфатени со него.

“Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Битола организираше работно одбележување на 8 март, зашто сме убедени – изјави претседателката Ангелевска, дека секој чекор и намера на Унијата на жени ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, мора исклучиво да бидат силно втемелени врз традицијата, вистинските вредности и да бидат фокусирано адресирани на предизвиците образование, здравство, вработување, претприемништво, подобрување на статусот на руралната жена како сеопшт напор за подобрување на квалитетот на животот на жената, кој што за жал и во 21 век сериозно не задолжува сите за силен ангажман по овие прашања”.

Evrotip
Евротип
To Top