Новости

Битола инфо

Избрано новото раководство на СДСМ во Битола предложено од претседателот на ОО СДСМ Битола, Методија Тасевски

На вечерашната конференција, со акламација беше прифатено новото раководство на СДСМ Битола, предложено од претседателот на ОО СДСМ Битола, Методија Тасевски. Тасевски синоќа се заблагодари на соработката на досегашното раководство, како и на досегашниот претседател на Општинската организација на СДСМ Битола, Васко Ковачевски.

Изборот на членовите во Извршниот и Надзорниот одбор беа едногласно прифатени.

За членови на Извршниот одбор  беа изгласани Менде Граматковски, Горан Козаров, Александар Цуцуловски, Зоран Стојчевски, Елеонора Илиевска, Билјана Поповска и Жаклина Наумовска, Менде Диневски,  Гого Видимче, Лилјана Обедниковска, како и дел од членовите од стариот Извршен одбор.

GOLD
To Top