Новости

Битола инфо

Изгоре автомобил во Битола

На 23.10.2017 околу 02.30 часот на ул. „Благојче Силјановски“ во Битола, од страна на непознат сторител, од засега непознати причини, бил предизвикан пожар на паркирано патничко возило „Рено Клио“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на М.К.Ш. (37) од Битола.

Во пожарот бил зафатен моторот, предниот капак, предно десно крило, задно десно крило, заден браник, задно десно тркало, предно ветробранско стакло, а има опожарување во предниот дел во внатрешноста под украсната маска. Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Karmen
To Top