Новости

Битола инфо

Инфо сесија во Битола: Бизнис заедницата за подобра бизнис регулатива

Со цел интерактивна дискусија и размена на искуства за промената на Законот за работни односи, но и за практиканството, денеска во Битола беше одржана инфо сесија за бизнис заедницата.

Настанот беше во организација на МАСИТ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија во соработка со ЕПИ Центар Интернационал-Скопје. Инфо сесијата е дел од проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Инфосисиите се посебно важни затоа што се слушаат проблемите и потребите на компаниите, а потоа полесно и со обработка на податоците се доаѓа до решенија.

-Сите предлози ќе ги доставиме до Владата на Република Македонија, а со цел да се подобри регулативата. Најчести теми се даноците, работните односи, пазарна инспекција, лиценци за угостителска дејност, земјоделството и животната средина, а денес говоревме и за Законот за практиканство, изјави Елена Столеска, претставник на МАСИТ.

Во четиригодишниот проект за прв пат заеднички учествуваат сите стопански комори во Македонија.

-Законите мора да се прилагодуваат на потребите на бизнис заедницата и да одговараат на движењата во овој сектор. Важно е што за прв пат сите комори ќе излезат со заеднички став за документ што ќе биде претставен пред инстутциите на државата и ќе даде одговор за идентификуваните проблеми на овие работилници. Коморите имаат можност да дадат решение, да дебатираат за новиот Закон за практиканство, бидејќи потребата за регулирање на оваа област е идентификувана од самите корисници, пред се, студентите, но и невработените лица кои сакаат да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат во процесот на идно вработување, посочи Љубомир Димовски, раководител на ЕПИ Центар Интернационал-Скопје.

Во наредниот период проектот ќе продолжи д работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно-приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни.

Студирајте на БАС
To Top