Новости

Битола инфо

Како сами дома да си направите ветерница за производство на струја? Погледнете ги видеата на битолчанецот Дејан Киревски

Како да направите сами ветерница, електричен велосипед, како да направите метла од пластични шишиња, најлесен начин да ја искосите тревата, стапица за глувци и многу други „Do it yourself“(Направи сам) видеа кои се многу популарни низ светот ги има на Youtube каналот на 32-годишниот битолчанец, Дејан Киревски.Го запрашавме од каде ја доби идејата за да снима вакви видеа и како оди процесот на снимање, монтирање, поточно од идејата па се до реализацијата.

„Се викам Дејан Киревски од Битола, имам 32 години, женет сум и имам 2 деца. По струка сум електротехничар – електроничар, а идејата за да снимам видеа во стилот “how to make” дојде сосема спонтано, идеите ги добивам самиот. Видеата ги снимам сам без никаква помош од друг, сам ги реализирам и ги монтирам, додека претежно материјалите и деловите што ми требаат за снимање на видеата ги имам дома. Почнав да снимам видеа во декември 2016. Повеќето ги снимам во зима затоа што тогаш имам повеќе слободно време, но наоѓам време и во лето да снимам по некое видео. Оваа работа ја работам затоа што ме исполнува. Се гледаме со ново видео наскоро!!“, вели Дејан за Шеталиште.

Ние му посакуваме да направи уште многу вакви видеа со кои Битола ќ се гордее, затоа што може да се пофали дека навистина има луѓе кои во идејата, науката и електротехниката не заостануваат зад никого!

Погледнете го последното видео ако сакате дома да си направите електричен велосипед.

Еве идеја и за домашна ветерница.

GOLD
To Top