Новости

Битола инфо

МВР за сообраќајката во која загина 19-годишното момче од Битола – 70-годишен скопјанец го претекнувал камионот

На 09.11.2017 година околу 08.00 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај местото викано „Петилеп“, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л. (70) од Скопје, претекнувајќи товарно возило „МАН“, со левата страна на возилото удрил, прво во ретровизор од возило „Шкода Фабија“ со битолски регистраски ознаки, а потоа во патничко возило „Рено Твинго“ со битолски регистраски ознаки, управувано од Ѓ.Т. (19) од Битола, кое излетало надвор од коловозот и се превртело на покривот.

Потоа со десната страна “мерцедесот“ удрил во кабината на товарно возило „МАН“, по што излетал надвор од коловозот каде застанал. Во тој момент во возилото настанал пожар при што целосно изгорело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Л., возачот на „Рено Твинго“ Ѓ.Т. и А.Б. (18) од Битола, сопатник во истото возило. На нив им била укажана медицинска помош во Клиничка болница Битола, каде  Ѓ.Т. од здобиените повреди починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

Karmen
To Top