Новости

Битола инфо

Машки близначиња се првите родени бебиња во новата 2018 година во Битола

Машки близначиња се првите бебиња кои се родија во Битола во новата 2018 година, првото се родило точно на полноќ, а второто близначе една минута после него.

Градоначалничката на Опптина Битола, Наташа Петровска, денеска традиционално беше во посета на битолската болница каде ги посети првородените бебиња во новата 2018-та година во Општина Битола.

-Нема ништо поубаво од давање прва изјава во новата година а тоа е токму одбележувањето на новите животи во нашата општина. Имаме 17 новороденчиња во Општина Битола, од кои 9 се ноќеска. Првите родени бебиња се две машки близначиња, на сите им посакувам здравје, живот, да се радуваат родителите на нив, да ги израснат во личности кои ќе остават позади себе трагови и ќе покажат што значи да ги цените благодетите на животот. Радосен момент, во кој навистина сум возбудена и се радувам и велам дека една од привилегиите да се биде градоначалник е токму да се радувате на ваквите моменти. Да сте здрави, живи и успешни драги мои битолчани, изјави денеска градоначалничката Наташа Петровска.

-Првиот ден на гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница Битола среќен, плоден и бериќетен. Во текот на новогодишното дежурство, породени се 9, од нив 7 раѓања се по природен пат и две раѓања со царски рез. Првите новородени се близнаци, првиот роден на полноќ, тежок 2,4 кг, 45 сантиметри, вториот близнак една минута после полноќ, 2,41 кг долго 45 сантиметри. Неизмерна радост близнаците и донесоа на мајката Александра Стрезовска, 32-годишна второротка од Бистрица. Сите новородени се здрави и живо во добра состојба, мајките во општа добра состојба. Минатата година ја завршивме со 1100 раѓања, со надеж дека во новата година ќе имаме уште повеќе новородени. Од сите вработени на нашето одделение среќни новогодишни и божиќни празници на мајките и на семејствата на новородените, изјави д-р Николина Ристевска, гинеколог акушер.

 

 

Evrotip
Евротип
To Top