Новости

Битола инфо

Милчо Манчевски: Да не ја туркаме културата меѓу некролозите и малите огласи

На вечерашното свечено затворање на фестивалот, министерот за култура Роберт Алаѓозовски на македонскиот режисер Милчо Манчевски му додели специјална награда златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и истакна дека овој единствен фестивал посветен на браќата Манаки кои во Битола ги создадоа нивните драгоцени снимки овозможува како што рече министерот Алаѓозовски, ние преку нив и ден денеска се легитимираме во светот давајќи и на Битола култен статус, како место каде што се свртела првата камера на Балканот. Тој со своите култни филмови „Пред дождот“, „Мајки“, „Прашина“ и „Сенки“ ја постави  Македонија на светските листи за најдобри филмови.

-Нашите филмски работници уште пред 40 години ги споија овие факти и создадоа бренд што сеуште зрачи со својата единственост меѓу денешниот океан од безброј филмски фестивали во светот. Но освен филмските работници, признание заслужуваат вистинските домаќини на фестивалот – битолската публика. Оваа публика е нашиот центар, оваа публика сме сите ние, токму заради љубителите на уметноста фестивалот треба да продолжи да се развива како грижливо креирана прослава на филмот со возвишена почит кон директорите на фотографија и нивната посветеност во конструкцијата на естетиката на подвижните слики, истакна министерот Алаѓозовски.

Милчо Манчевски се заблагодари за наградата и му посака побрзо закрепнување на директорот на фестивалот Блоагоја Куновски – Доре. Исто така, тој апелираше културата да го добие соодветниот третман во општеството.

– Култура не е нешто што треба да се стави меѓу некролозите и малите огласи, културата е она што човекот го прави човек, заедницата ја прави да биде заедница и конечно културата е она што човештвото го прави човештво. Затоа апелирам да не ја туркаме меѓу некролозите и малите огласи- рече Манчевски.

За крај на свеченоста, министерот за култура Роберт Алаѓозовски изрази благодарност до сите учесници на фестивалот, до филмските работници кои пред речиси 40 години создадоа бренд кој уште зрачи со единственост помеѓу безбројните филмски фестивали ширум светот

-Освен филмските работници, признание заслужуваат и вистинските домаќини на фестивалот, битолската публика. Оваа публика е нашиот центар, оваа публика сме сите ние.  Токму заради љубителите на уметноста, Фестивалот треба да продолжи да се развива како грижливо креирана прослава на  филмот, со возвишена почит кон директорите на фотографија и нивната посветеност во конструкцијата на естетиката на подвижните слики – рече Алаѓозовски.

Тој исто така ја изрази поддршката на Министерството, насочена кон подобра и постабилна иднина и развој на фестивалот, во духот на современите трендови во уметноста.

-Тоа го демонстриравме и неодамна, кога помогнавме да се исправи една неправда и тој да се врати во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија, што го организира над 3 децении. Решени сме да ја антиципираме иднината свртени кон квалитетот во создавањето,  но истовремено горди на нашата традиција и на свежината на искуството од таа традиција. Тоа е скапоцено, благородно, и навистина многу ретко, и затоа сите ние треба достојно да го претставуваме и надградуваме – рече министерот Алаѓозовски.

По свеченото доделување на наградата, публиката во Центарот за култура го виде последниот филм од главната програма „Нека влезе сонцето“ во режија на Клер Дени, со Жулиет Бинош во главна улога.

Evrotip
Евротип
To Top