Новости

Битола инфо

Наградени најдобро дипломираните студенти на УКЛО по повод патрониот празник

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола со повеќе програмски активности слави и чествува за најзначајниот македонски средновековен писател и педагог Свети Климент Охридски.

По повод прославата на патрониот празник, Универзитетот „Св.Климент Охридски“ Битола одржа свечена академија на која се обрати ректорот Сашо Коруновски. Тој истакна дека Свети Климент со својата исклучителна учителско просветителска мисија како автор на многу поучни житија, похвални слова и други дела, како блескав беседник, химнограф, како автор на творби со практична религиозно-просветна намена, како и дидактичко егзегетски дела застана рамо до рамо со врвните книжевни дострели на византиската литература и беседништво.

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ како и останатите универзитети во земјата, а и пошироко во Регионот, се наоѓа на крстопатот кон европските интеграции, па затоа е потребно вклучување на сите негови професори, соработници, студенти и активно учество во реформските и други активности што значат осовременување на Универзитетот но и зацврстување на неговата меѓународна репутација, посочи Коруновски пред учесниците на свечената академија во Битола.

– Со сета свесност го истакнуваме фактот дека интернационализацијата, европеизацијатата, регионализацијата – тие клучни зборови на патот кон градење препознатливост на секоја високообразовна установа „дома“, но и на пошироко, меѓународен план не треба да бидат само празни флоскули туку „Modus Vivendi“ на оваа наша, по дефиниција, водечка и највисока високообразовна установа во Регионот. Дополнително, остануваме отворени и доостапни со цел да ги привлечеме сите оние кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите оние што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развој на високото образование, на науката, во амбиент на еден автономен Универзитет каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот, истакна Коруновски.

Според востановената традиција, Ректорот на УКЛО најдобрите дипломирани студенти во минатата академска година им врачи пригодни подароци.

СПИСОК

на најдобро дипломирани студенти во академската 2016/2017 година

 кои што треба да добијат Пофалници од УКЛО

 ИВАН ТАНСКИ, Висока медицинска школа-Битола, дипломирана на 09.2017, просечна оценка на дипломирање 8,70

  1. ДИЈАНА ДЕЈАНОСКА, Правен факултет-Кичево, дипломирана на 25.11.2016, просечна оценка на дипломирање 9,31
  2. ДАНИЕЛ ЕВТИМОВСКИ, Факултет за информатички и комуникациски технологии -Битола, дипломирана на 06.2017, со просек 9,59
  3. ЦВЕТАНКА СТОЈАНОВСКА, Ветеринарен факултет-Битола, дипломирана на 12.2016, просечна оценка на дипломирање 9,62
  4. ИВАНА ДИМИТРОВСКА, Факултет за биотехнички науки-Битола, дипломирана на 07.2017, просечна оценка на дипломирање 9,67
  5. МАКЕДОНКА СПАСИЌ, Факултет за безбедност-Скопје, дипломирана на 02.2017, просечна оценка на дипломирање 9,68
  6. ИВАНА ВЕЛЕВСКА, Технички факултет-Битола, дипломирана на 09.2017, просечна оценка на дипломирање 9,77
  7. МАРИЈА СТОЈАНОСКА, Педагошки факултет-Битола, дипломирана на 08.2017, просечна оценка на дипломирање 9,95
  8. РАДМИЛА МАТЕСКА, Факултет за туризам и угостителство-Охрид, дипломирана на 08.2017, просечна оценка на дипломирање 9,97
  9. МАЈА ВЕЛКОВСКА, Технолошко-технички факултет-Велес, дипломирана на 07.2017, просечна оценка на дипломирање 10,00
  10. ДЕСПИНА ЗВЕЗДАКОСКА, Економски факултет- Прилеп, дипломирана на 28.06.2017, просечна оценка на дипломирање 10,00

 

 

 

To Top