Новости

ЕВРОТИП Банер
Битола инфо

На Битола не и треба бегалски камп на Меџитлија, велат од ВМРО ДПМНЕ Битола

ВМРО-ДПМНЕ Битола денеска одржа пресс конференција за бегалските кампови што треба да се изградат на Меџитлија.

“Вчера на седница на Советот на Општина Битола СДС уште еднаш јавно и без трошка обзир кон Битолчани потврдија дека ќе градат бегалски камп на Меџитлија.
Тоа секако не е она што и треба на Битола во моментов а секако не е ниту во интерес на граѓаните на Битола. И најважно, не е прашање за кое битолчани се прашани ни консултирани.

Иако СДС за секој проблем на граѓаните што не знаат како да го решат велат, цитирам: “ќе отвориме дебата”, токму за едно вакво значајно прашање, одлучуваат зад грбот на битолчани, набрзина и наметливо.
Исто како и претседателот на битолскиот СДС, Ковачевски, и нивните советници сметаат дека доволно е само да ни соопштат што планираат со нашиот град и толку.

Почитувани битолчани, ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на општината, гледајќи ги пред сѐ интересите на битолчани, предложи Советот да донесе Заклучок за НЕПРИФАЌАЊЕ на Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017-2027 и Националниот Акционен План произлезен од Стратегијата а усвоени од Владата.

Заклучокот беше предложен земајќи ги во предвид фактите дека Битола нема капацитети и толкава финансиска моќ да превземе една таква смела авантура, во која наместо фабрики би граделе бегалски кампови.
Меѓутоа, арогантноста и наметливоста на СДС уште еднаш стапи на сцена и немајќи аргументи со кои би настапиле против нашата одбрана на интересите на битолчани, нивните советници ја напуштија седницата!

Ова почитувани, на граѓаните на Битола и на Македонија им покажува дека во редовите на СДС, како и секогаш кога се работи за доброто на граѓаните владее безидејност и себичност.
Ништо ново! Многупати досега им го завртиле грбот на битолчани водејќи се од партиски интереси.

Секако граѓаните на Битола добро паметат и расудуваат, нема да дозволат уште еднаш нож во грб. Ако со ТАТ ја паднаа Битола на колена со оваа нивна Стратегија за претворање на Битола во бегалски камп сигурно ќе ја срушат до крај.

Советници од СДС, заради вашата посветеност кон бегалците и самите почнавте да бегате од седници. Ве уверуваме, од битолчани нема да можете да избегате.” – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Karmen
To Top