Новости

Битола инфо

На Меџитлија запленети околу 40 килограми марихуана, приведени три лица

По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план,  вчера (07.03.) во координирана и заедничка акција на Секторот за внатрешни работи Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана.

Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27)- сите државјани на Република Албанија. Тие се откриени во непосредна близина на границата со Република Грција во околината на селото Лажец, во обид пеш да ја минат државната граница и се приведени во ПС за граничен премин Меџитлија.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Evrotip
Евротип
To Top