Новости

Битола инфо

Новата 2018-та година во болницата „Плодност“ започна со три новороденчиња

Првиот ден во Новата 2018 година донесе голема радост во Болницата „Плодност“, затоа што годината започна со доаѓање на свет на три новороденчиња. Првото бебе во Болница „Плодност“, породено во 9.54 часот во Новата 2018 е женско, второто е машко и се роди во 11.10 часот, а третото е повторно женско, кое дојде на свет во 13.45 часот, под раководство на дежурниот тим предводен од доктор Благојче Обедниковски, сестрите и болничарките во неонатолошкото одделение и останатиот дежурен персонал. На среќните родители им посакуваме да се радуваат на најубавиот новогодишен подарок, а на сите Вас, драги наши, Ви посакуваме среќа и радост во Новата 2018 година.

To Top