Новости

Битола инфо

Ново свлечиште на обиколницата над Битола, останува затворена за сообраќај

Активностите кај обиколницата над Битола се заглавени заради појавата на ново свлечиште, а неизвесно е кога ќе биде отворена за сообраќај. А појавата на ново  свлечиште ja  наметна потребата од изработка на нова проектна документација, рече денеска градоначалничката Наташа Петровска.

-На почетокот од мојот мандат интензивирани беа активностите околу обиколницата над Битола, меѓутоа при работењето на терен се појави проблем. Согледано беше дека проектната документација која што е изготвена за подолниот дел од патот, а во погорниот дел се појавуваше и се појавува опасност од ново свлечиште. Тоа ни наложи на некој начин да се претрпат измени во изготвувањето на проектната документација и поместување на некој начин на трасата. Значи единствено во моментов има застој заради воочени проблеми на терен кои што се санираат. Проектната документација е изменета, така што тоа е единствената причина, рече Петровска.

To Top